Site Logotype

Нашата приказна

Нашата цел е да ја претставуваме новата ера во професионална естетска нега во Македонија. Погледни зошто сме идеален избор за нега на твоето лице и тело.

Нашата филозофија

Професионална нега

Сите продукти кои ги користиме се од професионалната линија на продукти на Prima Kozmetika и Skinology за нега на лице и тело.

Персонализирано искуство

Нашиот тим, составен од врвни козметолози, ќе ти обезбеди врвно професионално искуство за нега, базирано на твоите потреби.

Го сакаме она што го работиме

Нашите козметолози имаат повеќегодишно исксутво во својата работа, а секој нов клиент им претставува нов предизвик.

Запознај го SKINOLOGY AESTHETIC LOUNGE by Ivan Mitov

Добредојде во светот на убавината и иновацијата!

SKINOLOGY AESTHETIC LOUNGE by Ivan Mitov е совршениот избор за тебе – место каде што естетиката се среќава со технологијата. Специјализирани сме во професионални третмани за лице и тело, користејќи напредна технологија и современи методи за нега на кожата.

Посветени сме и на апаратурни третмани за слабеење и редукција на целулит, со видливи резултати и индивидуален пристап кон секој клиент.

Како ексклузивен партнер на козметичките линии на Prima Kozmetika и Skinology, нудиме премиум третмани и професионална нега, како и висококвалитетни производи за домашна употреба, за да продолжиш со грижата и по посетата на нашиот салон.

Кај нас, секоја личност се чувствува негувано, самоуверено и беспрекорно. Твојата кожа и тело го заслужуваат најдобро, а ние токму тоа го нудиме за тебе.

Продукти кои ги користиме

SKINOLOGY AESTHETIC LOUNGE by Ivan Mitov работи ексклузивно со продуктите на Prima Kozmetika и Skinology.

Prima Kozmetika е српски бренд со речиси 40-годишно искуство кој нуди препарати за нега на лице, тело, коса и нокти, како под својот бренд, така и преку производите Skinology..

Поседува GMP сертификат за добра производна пракса како потврда за квалитетот на производството и препаратите.

GMP е меѓународно признат стандард кој ја регулира производството во козметичката индустрија. Сертификатот обезбедува дека производите постојано ги исполнуваат високите стандарди за квалитет, безбедност и ефикасност, во согласност со прописите, со што се минимизира ризикот од грешки и контаминација.